2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Вчерва на програмата на битолското културно лето со почеток од 20 часот во Народниот театар во Битола концерт ќе одржи маестралниот месинг квартет „Хајдн Брас“ од Австрија.

На програмата ќе бидат дела од светските композитори Верди, Хајдн, Моцарт, Брамс, Елингтон и други. Ова е познат квартет ширум светот, кој изведува композиции на дувачки инструменти, а досега имаат снимено и неколку  ЦД-а со класична музика. Меѓу нив и ЦД-то „Селектирана камерна музика со дувачки инструменти“ снимено во 2002 година во замокот Естерхази, на кое во фокусот се бесмртните музички композиции на класиците. Вечрва заедно со ансамблот „Агушеви“ ќе ги отсвират Химаната на Европа и нашата позната мелодија „Македонско девојче“.

Викендов Пелистер ги собра љубителите на планинскиот велосипедизам од цела Македонија. Во организација на спортскиот тим „Ај да возиме на Пелистер“ околу педесетина велосипедисти и планинари уживаат возејќи низ прекрасните планински предели.

Продолжува работната акција насловена како „Сите за Копанки, Копанки за сите“ со цел обнова на планинарскиот дом што изгоре пред пет години. Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ кој ја отпочна иницијативата за работните акции на својата фејсбук страница објави и жиро сметка на која сите заинтересирани можат да донираат средства и така да ја помогнат обновата на домот. Работната акција продолжи и викендов, а дел од градежните материјали се транспортираа со помош на жичницата на ски патеката „Копанки“. Работните акции ќе продолжат во текот на целата градежна сезона. 

Јавното претпријатие „Стрежево“ ги известува сите индивидуални корисници на вода за наводнување од системот на ЈП „Стрежево“- Битола дека поради настанатите временски услови, рокот за склучување на Договорите за снабдување со вода за наводнување за сезоната 2018 година, се пролонгира до 20.07.2018 година. 

Потпишувањето на Договорите ќе се врши во Дирекцијата на Претпријатието- Службата за наплата, почнувајќи од 07,30 часот до 15,30 часот секој работен ден. 

 

Деновиве се навршуваат 60 години откако група битолски ентузијасти ги направија првите обиди за прием на телевизиска програма во Македонија, на врвот Пелистер, на планината Баба, со што битолчани имаа можност први да го следат реемитуваниот ТВ сигнал на Италијанската радио телевизија РАИ 1.

Новото раководство на Техничкото училиште во Битола, започна со санација и реновирање на три училници кои заради негрижа од бившите раководства со години биле оставени да скапуваат во влага со  мувлосани ѕидови и распаднат малтер.

Директорот на средното техничко училиште Владимир Роме, вели дека училиштето во оваа зграда опстојува од 1986 година и од тогаш до сега ништо не е сменето и реновирано, особено не, во водоводот и одводот. Цевките се целосно зарѓени, испукани и дотраени, а таква е состојбата во целото училиште, за што говорат и фотографиите.

„Кога се носеа буџетите на државно и локално ниво 10 милиони денари беа овозможени од централниот буџет, но исто така беа издвоени и средства од локалниот буџет. Во меѓувреме ја чекавме градежната дозвола од Министерството за транспорт и врски, но паралелно на тоа баравме и одобрение за конзервација од Управата за заштита на културното наследство.

Јавното претпријатие „Комуналец“ од Битола, како водечки партнер, „Комунална хигиена“ од Новаци и Движењето за околина „Молика “ од Битола ќе соработуваат со партнери од Грција во проектот „Симбиотски мрежи за одржливо управување со органскиот отпад“. Прокетот е кофинансиран од Интеррег ИПА програмата за прекугранична соработка на Грција и Македонија. Вкупниот буџет на проектот изнесува 898 853 евра, од кои 482 086 евра се за активности во Македонија, а останатите за Грција. Од грчка страна како партнери на прокетот се јавуваат „Диадима С.А.“ од Кожани, Центар за иновација и култура „Инополис“ и Националниот технички универзитет од Атина.

Синоќа на плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола се одржа главниот музички настан од годинашното издание на фестивалот „Битола отворен град“ што по 17 пат го организира Младински културен центар - Битола. Публиката се дружеше со култниот белградски алтернативен рок бенд “С.А.Р.С” кои имаа речиси двочасовен настап, предгрупа беа “FUNK SHUI” од Скопје, а после полноќ и со „THE PRODIGY live tribute band” од Белград.

Новите раководства на јавните претпријатија  ЈКП „Водовод“ и ХС „Стрежево“  потпиша договор  за соработка и испорака на сирова вода. Горан Козаров, директор на ЈКП „Водовод“ и Менде Граматковски, директор на ХС „Стрежево“, седнаа на заедничка маса и ги дефинираа протоколите за испорака на водата.

- Се потиша договорот за соработка и испорака на сирова вода помеѓу ЈКП „Водовод“ и ХС„Стрежево“. Договор кој ги дефинира правилата, прописите и начинот на работа помеѓу двете претпријатија. Договор кој нема да дозволи да има судски спорови помеѓу овие две претпријатија, објавија заеднички двете претпријатија.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани