
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
58 генерации на учители, наставници и воспитувачи дала Педагошката академија, Факултетот за учители и воспитувачи и Педагошкиот факултет во Битола. Ова е всушност една иста високо образовна инстутуација која во континуитет се развивала од академија во факултет во чекор со времето и според образованите потреби во земјава. Оваа бројка ја претставува Битола како еден од најистакнатите градови на просветата во Македонија.
Во текот на денот група ученици се собраа пред Општина Битола, протестирајќи по однос на состојбите со превозот. Градоначалничката на Општина Битола ги покани децата во општината, при што им ја објасни актуелната состојба со превозниците, законските измени и новите правила за користење на линискиот превоз од страна на учениците во местата каде што го има. На оваа средба, таа исто така им ги објасни и тековните наследени проблеми од изминатите години со кои што се соочува Општина Битола во моментов и ги повика на трпение, до конечното решавање на проблемот, кое следува за краток период. Петровска и пред нив уште еднаш го повтори ставот дека општината нема намера да штити нечии лични интереси на штета на образованието, односно на штета на условите во кои децата. Таа посочи дека на сметка на досегашните високи цени на превозот на учениците, не е направено повеќе во однос на санирање на тоалетите, таблите, прозорците, а ниту во нагледните средства за работа.
Ваквото обраќање на градоначалничката наиде на разбирање кај учениците и во коректна атмосфера се договорија на взаемо решавање на проблемот и натамошна координација. При тоа таа ги замоли да не бидат инструментализирани од одредени поединци и структури кои што криејќи се зад наводен интерес за решавање на проблемот со превозот, сакаат да остварат лични и политички поени.
На средбата присуствуваа и директори на дел од училиштата, кои дополнително дадоа објаснувања за натамошните чекори кон изнаоѓање решение на овој проблем.
Повеќе од 31 000 гласови во општина Битола не добив за да продолжат коруптивните зделки до даска во превозот со учениците, рече градоначалничката Наташа Петровска околу актуелната состојба со школскиот превоз во Битола.
Протест со паркирање на автобусите пред општинската зграда, односно по Булеварот „Први Мај“, најавуваат превозниците на линискиот општински превоз за в понеделник кога на седница на Совет треба да се донесат измените на тарифникот за првоз на ученици.
Родители на ученици од пограничните битолски села утрово се сообраа во Гермијан и побараа да се реши проблемот со бесплатниот школски превоз. Во спротивно, рекоа дека преку социјалните мрежи ќе се договореле од цела Битола никој да не оди на училиште.
Дел од учениците од околните општини кои учат во Битола се жалат дека останале без превоз. Од Општина Битола соопштија дека бесплатниот школски превоз за учениците ќе биде од превозници кои го вршат општинскиот линиски превоз и на овој начин се обидуваат да го реши со години напластениот проблем со школскиот превоз за кој училиштата должат 770 000 евра кон превозниците.
Изложба „За изгубениот Сефардски свет“ќе биде отворена утре со почеток во 12 часот во просториите на НУУБ ,,Св.Климент Охридски“-Битола.
Изложбата „Изгубениот свет на сефардските Евреи од западниот Балкан“, е заеднички проект на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Центропа - институт за истражување и документирање на еврејската историја од Централна и Источна Европа и Балканот со седиште во Виена, Австрија. Истата беше за прв пат отворена во Скопје, на 25 јануари 2018 година во Министерството за надворешни работи, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите на холокаустот.
Куратор на изложбата е директорот на Центропа, г-дин Едвард Серота. Таа го отсликува 20-тиот век прикажан преку пет интервјуа на Центропа направени со Евреи од западниот Балкан, кои го преживеале холокаустот.
Изложбата е на македонски јазик, но е исто така пропратена е со брошура на англиски и албански јазик. Како резултат на интересот на наставници и едукатори да ја применат во наставата, истата патува низ повеќе градови низ Македонија.
Наредните 10 дена предвидено е изложбата да ја посетат поголем број на посетители-вљубеници во историјата, но и да се реализираат наставни часови од професори и наставници по историја, етика, граѓанско образование и македонски јазик со ученици од нашиот град. По завршувањето изложбата продолжува по други градови низ Македонија.
Ученици од средни училишта во градот кои не можат да користат бесплатен школски превоз денес реагирале кај одговорните во училиштата дека нема да доаѓаат на настава се додека не им се обезбеди бесплатниот превоз. Учениците биле револтирани бидејќи според нивни сознанија од денеска нема да имаат бесплатен превоз до 50 километри оддалеченост на нивните домови од училиштата. Директорите на училиштата уверуваат дека нема место за паника.
Меѓу многуте епитети со кои се гордеат битолчани за Битола е и град на клавирите, но нема бизнисмени и фирми што сакаат да го финансираат пијано натпреварот што се одржува во рамките на фестивалот на класична музика „Интерфетс“.
