2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Работена по легендата на Марко Цепенков за овчарот и трите самовили, а обремената со еколошките проблеми на денешницата, „Три“ е првата професионална детска претстава на знаковен јазик во Македонија. Прeмиерата е на 29 октомври, во 18 часот во Центарот за култура во Битола, а наменета е за широка детска публика, меѓу кои и за деца со оштетен слух.

 

Во рамките на отворените денови на граѓанското образование, учениците од ООУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци, организираа низа на активности посветени на борбата против сајбер насилството. Беа изработени плакати кои претставуваат детски совети, како нивните врсници да се заштитат од сајбер насилството. Дел од советите кои учениците ги упатуваат се:

  • Тргај се од злото и прави добро како ултимативна етичка поука
  • Не ги давај своите лични податоци јавно
  • Не шири злоба и омраза во интернет просторот
  • Не ги повредувај другите преку исмејување
  • Среќата на детето е наше заедничко право и одговорност247988123 353070043277098 1453704521068940203 n

Во рамките на отворениот ден беше одржана и едукативна работилница на барање на учениците каде соодветно предавање за законската заштита од сајбер насилство беше одржана од страна на Никола Ристевски-дипломиран правник.

Отворените денови на граѓанското образование се организираат со цел учениците, под раководство на наставниците да ги изнесат своите иницијативи за подобрување на општеството и средината во која живеат. Учениците се носители на иницијативите, додека наставниот кадар како и стручните соработниците помагаат сите ученички идеи, да добијат определена форма на исказ. Воедно овие активности претставуваат мост помеѓу училиштето, локалната заедница и медиумите. Целта на овие активности е да се развие свест кај учениците за активно граѓанство, насочено кон креирање на решенија за актуелните проблеми и подобрување на затекнатата ситуација. Во релизирањето на активностите учествуваа учениците од VIII и IX одделение под менторство на наставниците: Васко Гичевски наставник по граѓанско образование, Анета Соклевска одделенески наставник и стручните соработници дефектолог Тамара Станчевска и психолог Марина Јовановска. Координатор на целокупната активност е директорот на ООУ „Славко Лумбарковски“ м-р Илче Соклевски.249242172 1012409572934587 549724746792157065 n

 

Во насока на обезбедување стабилност на електроенергетскиот систем, од денеска во функција е ставен и вториот блок на РЕК Битола, што значи дека комбинатот работи со двата блока како што беше предвидено, соопштија од Владата. 

„Граѓаните нема потреба да стравуваат бидејќи количините на електрична енергија за нив се обезбедени во целост од страна на АД ЕСМ и тоа по цена од 36 евра за мегават час. Во моментот цените се четири до пет пати повисоки од таа цена, и ова е само показател дека Владата направила добра проценка воведувајќи го Универзалниот снабдувач, кој ги штити домаќинствата и малите потрошувачи. АД ЕСМ моментално ги задоволува потребите на универзалниот снабдувач ЕВН Хоме за снабдување на домаќинствата. Дополнително, кај нас се веќе преземени голем дел од мерките што ги препорача Европската комисија за земјите членки за заштита од ценовните удари со електричната енергија“, соопштија од Владата. 

Додаваат уште дека беше донесена беше и мерка за намалување на ДДВ кај електричната енергија во јули годинава. Целта на оваа мерка беше токму заштита на стандардот на граѓаните, односно да се овозможи пониска цена и намалување на трошоците на домаќинствата.

„Ние како држава не можеме да влијаеме на случувањата на светските берзи, и токму затоа правиме напори преку АД ЕСМ и зголемувањето на производството да обезбедиме дополнителни количини на електрична енергија кои ќе го амортизираат ценовниот шок и на компаниите.Како резултат на соработката со Стопанската комора и Владата, договорено е да се преземат мерки да се обезбеди поевтина домашна електрична енергија преку АД ЕСМ, односно со зголемување на производството на државната енергетска компанија, со цел да се заштити стопанството и стопанските субјекти.Со новите насоки, АД ЕСМ, како гарант и стабилизатор на цената на електричната енергија, планира дополнително производство од декември 2021 до април 2022 година, за што беше и објавен меѓународен јавен повик за набавка на јаглен за работа на третиот блок во РЕК Битола и за продолжување на работењето на РЕК Осломеј. Со оваа произведена енергија треба да се зацврсти електро-енергетскиот систем, додека дополнителните количини, односно вишоци, АД ЕСМ ќе ги продаде на слободниот пазар за македонските компании и со тоа ќе оствари приход за компанијата и за државата“, велат од Владата. 

Количините на јаглен за Осломеј ќе се обезбедат, додека за количините на јаглен за Битола објавен е нов повик, и се прават сериозни напори преку соработка на политичко ниво со соседните земји да се обезбедат и овие количини на јаглен.

Како дел од соработката со Стопанската комора, се анализираат и можностите за обезбедување на мазут во најкус можен рок, како би можело и ТЕЦ Неготино да се вклучи и да работи со целосниот капацитет. Во наредниот период од две недели очекуваме и ТЕЦ Неготино да започне со пробна работа, имајќи предвид дека последен пат работела во 2009 година.

„Ги уверуваме граѓаните, како и стопанствениците, дека државата е, и ќе продолжи да биде партнер со сите засегнати страни за да изнаоѓаме решенија сè со цел зачувување на благосостојбата на граѓаните. Состојбата се следи, се одржуваат редовни состаноци помеѓу сите чинители во енергетскиот сектор со цел изнаоѓање на најоптимални решенија поради проблемот настанат пред се на светските берзи со електрична енергија“, велат од Владата. . 

Здружението на пензионери од Битола на 23.10. 2021 год со волнтерки-пензионерки организира хуманитарна акција за собирање на храна во маркетот ,,Тинех,, Битола 1 под мотото ,, Нахрани 10.000! Приклучи се! Донирај конзервирана и нерасиплива храна!“. Во рамки на акцијата беше собрана поголема количина храна која ја донираа купувачите.

Со потпишување на меморандумот за соработка од страна на Сојузот на здруженијата на пензионери на Република Северна Македонијаи и Здруженијата членки на Сојузот, Здружението на пензионери Битола пристапи кон соработка со граганската асоцијација ,,Ајде Македонијо“ со цел успешна имплементација на проектот ,,Одржлива мрежа за спасување на храна“.

Општата цел на оваа платформа е преку заемната соработка , разбирање и помош помеѓу договорените страни да се овозможи успешно проширување на системот за дистрибуција на вишок храна- ,,Сите сити“ и воспоставување на национална мрежа од граѓански организации, приватни бизниси и асоцијациии .

Храната ќе им биде поделена на пензионери, со ниски примања , болни и изнемоштени по завршување на локалните избори. Од Здружението на пензионери изразија благодарност до граѓаните- донатори, раководителот и вработените на маркетот ,,Тинех“ од Битола.

Битолчани пак со смет го наполнија каналот кај деловниот комплекс „Шехерзада“ кој пред месеци и половина волонтерски го исчисти еко дружината „Мети си со класнето“.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани