
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Забрането е искористување на фотографии од порталот Апла.мк без да се наведе изворот! Непрофесионално е да се крадат и злоупотребуваат фотографии од нашиот портал и да се користат за нечие исмејување или величење. Овој пат нема да го именуваме лицето што го направи тоа, но случајот ќе го пријавиме во Советот за етика. Доколку не ги повлечи, без дозвола земените фотографии, ќе следува и тужба.
Животната приказна полна страдања на Гита Калдерон, една од неколкуте Евреи од Битола кои го преживеаја Холокаустот, преточена во театарски перформанс од страна на учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“ под водство на професорот Никола Трајковски, ќе биде одиграна на Тумбе Кафе на 11 август годинава. Претставата е дел од четвртиот Меѓународен младински камп „Патоказ кон помирување 2019“ што од 4 до 18 август се одржува во Битола.
Во Музејот на град Зеница во Босна деновиве е поставена изложбата „Невестински соништа“ на етнологот д-р Мери Стојанова, кустот советник во битолскиот Завод и музеј. Изложбата се состои од постери и пет копии сувенири на невестиснки ковчези од 19 и почетокот на 20 век во кои невестите го носеле својот чеиз.
Во еден ден пламнаа три пожари на територијата на општина Новаци за кои нема точни податоци од што се предизвикани, но постојат сомнежи дека биле потпалени.