
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битката со коронавирусот на 41 годишна возраст ја загуби ресенчанецот Илче Котевски, претседател на Ракометниот клуб „Преспа“ од Ресен. Спортисти, колеги од цела Македонија, навивачи и други негови сограѓани со неверување се збогуваат со нивниот сосед, пријател, колега чиј живот згасна предвреме.
За 15 дена бројот на зболени од коронавирус во Ресен се искачи на 87, од кои само во денешниот ден има 12 нови случаи со ковид- 19 и едно починато лице. Дури кај 85 од заболените болеста е во тек. Откако во Леарницата за алуминиум и цинк во Ресен денес има и еден новозаболен од вработените, утре ќе се прави скрининг на сите 30 вработени. Во оваа општина над 300 лица се ставени под здравствен надзор како контакти на позитивните лица со место на живеење во Ресен.