2win800x200

Директно

Утре со почеток од 20 часот во Народниот театар во Битола претпремиера на „Детето сонува'' од наградуваниот автор Ханох Левин во режија на гостинот од Израел Итаи Дорон, а премиерата е во сабота во 21 часот. Претставата е на главна сцена и трае околу два и пол часа. 

Со цел почиста и зелена Битола јавните претпријатија во општина Битола во следниот период имаат потреба од работно ангажирање на дополнителен број извршители. Се предлага работно ангажирање на 15 лица со ниско и средно образование за пет месеци. Одлуката треба да биде донесена на седницата на совет во вторник, идната недела.

Иселеничкиот бран од кој веќе подолг период е погодена Битола има негативни рефлексии и врз посетеноста на Народниот театар во Битола. Директорот Иван Јерлиќ вели дека посетеноста пред 10 до 12 години се движела од 13 000 до 15 000 гледачи, а сега е сведена меѓу 6000 и 8000.

Градскиот часовник во Битола два дена не работеше, а денес надлежни екипи од Општина Битола го поправија. Сказалките беа застанати на десет минути до четири часот. Неофицијално дознаваме дека дефектот бил предизвикан од влага која настанала од студеното време и врнежите снег.

И во продолжениот распуст битолчани на планина . Ски центарот Нижеполе и денеска се капе во сонце додека Битола е заробена во магла.

2

 

 1

 

4

 

5

6

 

Битолчани викендов побегнаа од загадениот воздух  искачувајќи се на Пелистер. На паркиралиштата пред Информативниот центар и хотелот Молика немаше слободно место од паркирани возила. Коли имаше паркирано дури и по патот. 

На 8 годишна возраст Филип Чокузовски сокаше по светиот крст во битолското село Трн. Ни студот не го исплаши малиот Филип да учествува во обредот што се одржа во базенот во црквата Св. Никола во Трн. По крстот скокаа три момчиња, а среќа да го најди имаше Благојче Гулевски. Во Трн денес живеат помалку од стотина жители.

И девојка денес скокаше по светиот крст во базенот кај црквата Свети Димитрија во Битола. Со години ова беше само машка традиција, а Ана покажа дека и девојките можат да учествуваат рамноправно во церемонијата. Таа беше единствената девојка меѓу триесетемина машки кои скокнаа во базенот..


„Ова ми беше првпат да скокам по крстот, не ми претставуваше проблем што бев само јас девојка, немам предрасуди околу тоа. Планирам да скокам и следните години. Учествував за здрвје, знаев дека ќе се чувствувам многу убаво по ваквиот чин. Не целев кон крстот, туку сакав само да учествувам“, изјави Ана Крбалеска за Апла.мк
 

22 годишниотЈове Стојчевски од Битола успеа да го фати светиот крст што владиката Петар на големиот христијански празник Водици го фрли во базенот во храмот Св. Димитрија во Битола. Момчето по петти пат скокаше по крстот и годинава имаше среќа да го фати.

,,Пет пати сум скокал по крстот, годинава за првпат успеав да го фатам. Се надевам дека годината ќе ми биде мнигу среќна", рече Стојчевски. received 331769154094761

Два дена со ред висока загаденост на воздухот во Битола со ПМ 10 честички измериле мерните станици во центарот и периферијата на градот. Највисоки вредности биле регистрирани во текот на вчерашниот ден кога во централното градско подрачје загаденоста била повеќе од пет пати над дозволените среднодневни количини.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани