2win800x200

Директно

Битолската градоначалничка Наташа Петровска запрашана од новинарите зошто во јавноста не кажала повеќе детаљи за случајот Рекет, чие размотување почнало токму од Битола, а за неа донесло нагорен почитички рејтинг, рече дека никогаш не ги гледала работите дали ќе ѝ донесат политички рејтинг, туку за неа е важно само да се вложи во работењето.

Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје од недомана ја красат завеси изработени од вредните раце на членките на Организацијата на жени од Битола. Битолчанки го заокружија целокупниот амбиент во спомен собата каде сите предмети се автентични и рачно ги изработија завесите на прозорците. Иницијативата е на Организација на жени, а идејата се родила пред неколку месеци

РЕК Битола е апсолутен победник на Спортските работнички синдикални игри на ЕСМ што се одржаа во Автокампот Ливадиште.

Над 200 метри кубни ѓубре е собрано во есенската акција за чистење на повеќе од 20 диви депонии во урбаниот дел на Битола, во која учествуваа сите јавни комунални претпријаија од градот, а се приклучија и голем број граѓани  кои живеат во близина на овие депонии..

Некогаш битолчани зборувале еврејски, француски, грчки, турски и секако македонски јазик, а денешните генерации од мали нозе изучуваат англиски, француски и германски јазик напоредно до мајчиниот. Токму на 26 септември, Денот на европските јазици, во просториите на НУ универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола, денес, се чуја говори на различни јазици.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани