
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Големата сала на Центарот за култура во Битола вечерва беше полна со публика која заедно со изведувачите на манифесtацијата „Незаборав“ ги пееше познатите фолк рефрени создадени и испеани од битолчани на Фолк фест „Валндово“ во периодот од 1985 до 2001 година. „Ако згрешам нека изгорам“ , „Еј другари“, „Дајте ми ја“, се само дел од вечерашниот репертоар на „Незаборав“, посветен на познатите битолски музички легенди што годинава по деветти пат во рамките на Битфест го организираше неуморниот продуцент од Битола, Панде Димитровски.
Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, на ФБ објави видео од идејното решение за изгледот на вечното почивалиште на македонската поп икона Тоше Проески. Станува збор за спомен обележје за чија изградба пред една недела е распишан тендер.
„Рацете при молитва се отсликуваат во архитектурата“, пишува на една фотографија од Тоше поместена во видеото
Битола е еден од петте градови во регинот вклучени во проектот „Планирање на урбана одржлива мобилност“ кој се фокусира на засилување на капацитетите на локалните самоуправи за активно соочување со проблемите во сообраќајот во градските средини.
Од 1979 година до сега, поточно во изминатите четири децении највисокиот врв на Алпите Монт Блан го искачиле 66 планинари од Битола, а некои од нив и повеќе пати, соопштија од Планинарско спортскиот клуб „Димитар Илиевски“ од Битола.
Изградбата на колекторскиот систем на Пелистер продолжува, а во оваа фаза се предвидува изградба 5,6 километри од мрежата, додека во следната фаза треба да бидат изградени уште 4 километри, со што комплетно ќе се заокружи колекторот во Потпелистерието, кој ќе ги зафаќа отпадните води од кои сега ги загадуваат пелистерските извори и водотеци. Минатата година за негова изградба беа вложени 6 милиони денари, а за активностите годинава издвоени се 14,5 милиони денари.
Битолчанки носеле елегантни венчални фустани и превези на свадбените церемонии уште кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Ова го вели познатиот битолски фотограф Петар Ставрев кој пред неколку години на Локум фест ја постави изложбата „Битолски свадби“. Тогаш имаше можност да избере фотографии од богатиот опус на Милтон Манаки.