АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Штитениците на Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ во Битола денеска се претставија со рецитаторски и музички точки, на предновогодишната забава на која присуствуваше и градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска. Таа заедно со Дедо Мраз, со новогодишни пакетчиња и топла порака им посака најискрени желби на децата.
Не планирам предвремени избори во 2018 година, иако мнозинството во Собрание е тенко, рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање како Владата ќе ги спроведува реформите и политиките со мнозинство кое се покажа дека е несигурно и при вчерашниот избор на јавен обвинител во Собранието на РМ.
Објавувајќи ја програмата за дочекот на Новата година на плоштадот Магнолија, градоначалничката Наташа Петровска испрати емотивна порака на својот фејсбук профил до битолчани.
-Драги мои, животот е премногу краток за да зборуваме само за проблемите. Доаѓа Нова Година. Можеби недоволно, можеби премногу, но сепак ќе се израдувам со сто насмевки за барем една разбудена ваша насмевка со програмата на плоштадот. Да сте здрави и живи. Јас да бидам ВАША на дела, не на зборови, пишува Петровска на својот фејсбук профил.
За Нова година битолчани кои ќе одлучат вечерта да ја минат на плоштадот Магнолија ќе имаат можност да уживаат во новогодишен џубокс. Во него од 21,30 часот до еден по полноќ ќе настапат музичката група „Боеми“, Борче Наумовски, Бојан Стојков и актерите Илина Чоревска, Маја Андоновска Илијевска, Викторија Степановска Јанкуловска и Марјан Ѓоргиевски.
Во интернет комуникацијата на социјалните мрежи популарен е уличниот сленг, полн со англицизми, кои често се пишуваат неправилно, па им се додава и македонски член, србизми, нестандардизирани кратенки и слично. Дури и изразот за најубавите чувства како – те сакам најмногу – преминува во акроним, а младите ја губат способноста да формираат реченица која добро звучи.
На 3,5 години затворска казна е осудена поранешната сопственичка на пропаднатата штедилница ТАТ, Соња Николовска за продолжено кривично дело „измама“, со пресуда на битолскиот Основен суд од март 2015, потврдена и од Апелациониот суд во Битола во септември истата година. Исто така, таа е задолжена да ги плати судските трошоци, како и да ги врати парите во вкупен износ од 565 илјади евра со камата на 4 лица кои ги измамила во 2005,2006 и 2007 година.
Регионалното географско друштво „Геосфера“ од Битола, поддржано од Цивика Мобилитас, во рамките на проектот „Сликај, постирај, алармирај“ изработи предлог мерки за намалување на аерозагадувањето во градот и ги поднесе до општина Битола.
За недоизградената пруга од Битола за грчка граница ќе се води судски спор, најави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. Тој не прецизираше против кого ќе биде поведен спорот, но рече дека веќе имало дејствија за откривање на одговорните лица кои не го завршиле проектот.
„Судска постапка ќе се води во делот на одговорноста. Сѐ што имаме поврзано со овој случај доставуваме до органите на проганот. Тие малверзации ги открива обвинителството“, рече Сугаревски.
Суспендиран од работа е екс секретарот на Општина Битола, а сега раководител на Секторот за финансии, Слободан Бончановски, еден од обвинетите во случаите „Транспортер 1 и 2“.