2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Ги запознаваме ретките болести 2021

28 дена во февруари со 28 ретки дијагнози

 

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена и оваа година, трета по ред, ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести.

Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?...

Neurofibromatosis type 1 (NF1) - Неврофиброматоза тип 1

MKB Q85.0

Прeваленција (распространетост): 1-5/10.000

 

Неврофиброматозата е генетско нарушување кое го спречува растот на клетките, предизвикувајќи многу меки структури со абнормално нервно ткиво (неврофиброми) да се појават на кожата и на другите делови на телото (мозок, 'рбетниот мозок, нерви). Неврофиброматозата обично се дијагностицира во детството или во зрелото доба. Неурофиброматозата е предизвикана од генетско нарушување или мутација којашто родителот ја пренесува на своето дете или пак мутацијата се јавува спонтано.

Неврофиброматоза тип 1:

Неурофиброматоза тип 1 (НФ-1) е клинички хетерогено, неврокутано, енетско нарушување кое се карактеризира со светло кафени дамки на кожата, оптички глиоми,  флеки на пазувите или препоните и повеќе неврофиброми. Инциденцата на болеста е  1: 3.000. Се јавува подеднакво кај мажите и кај жените.

Причина:

Генот за НФ-1 се наоѓа на 17-от хромозом. Нормално овој ген произведува протеин наречен неврофибромин, кој го има во изобилство во нервниот систем и помага во регулирање на растот на клетките. Мутирањето на генот НФ-1 предизвикува губење на неурофибромин, што им овозможува на клетките да растат неконтролирано.

Клиничка слика:

Неврофиброматозата тип 1 обично се јавува во детството. Знаците и симптомите вклучуваат:

- светло кафени дамки на кожата - познати се и како дамки на бело кафе. Појавата на повеќе од шест такви дамки на телото е еден од првите знаци на неврофиброматоза. Таквите дамки обично се присутни од раѓање или се појавуваат во текот на првите години од животот;

- пеги на пазувите или препоните - обично се јавуваат на возраст од 4 или 5 години;

- неврофиброми - бенигни тумори кои можат да се најдат насекаде во телото. Многу луѓе имаат тумори на кожата или во поткожното ткиво, но неврофибромот може да расте и внатре во телото;

- оптички глиоми - тумори на оптичките  нерви кои можат да влијаат на кој и да е дел, почнувајќи од мрежницата до визуелниот центар во мозокот. Обично се развиваат пред шестгодишна возраст и ретко напредуваат после тоа. Речиси сите пациенти имаат промени во изгледот на ирисот на окото во форма на Лишови јазли. Овие мали јазли се распоредени во групи и имаат кафеава боја;

- деформитети на коските - абнормалностите во растот и густината на коските можат да предизвикаат деформитет, како што е сколиоза или проблеми со потколениците;

- поголем обем на главата од просечната големина - децата со неврофиброматоза тип 1  имаат поголема глава од просекот поради зголемениот обем на мозокот, но сè уште не е познато дали тоа е поврзано со когнитивно оштетување;

- низок раст - децата со НФ-1 често се пониски од просечната висина во популацијата.

Останатите карактеристики вклучуваат хипертензија, васкулопатија, интракранијални тумори и повремени напади или хидроцефалус. Интелектуалниот развој обично не е сериозно засегнат, но когнитивните дефицити и тешкотиите во учењето се чести.

Неврофибромите обично почнуваат да се појавуваат во детството, односно за време на пубертетот и тоа најчесто на кожата, мозокот, 'рбетниот мозок и другите органи. Првите знаци на неврофиброма се пигментирани површини кои најчесто не се придружени со болка или чешање. Пигментните дамки може да се појават на кој било дел од телото. Повеќето неврофиброми се благи по природа, односно само 5 % од нив се подложни на малигна трансформација. Повеќето фиброми растат со текот на времето и можат да ја нарушат функцијата на некои внатрешни органи. Ова нарушување може да биде придружено со абнормалности на коскеното ткиво. Болеста е еднакво честа и кај мажи и кај жени.

Неврофиброматозата кај децата е евидентна уште од раните денови на животот. Во адолесценцијата, можат да се забележат тумори со различни големини и форми.

Плексиформните неврофиброми (растат по нервите и нивните гранки) можат да предизвикаат дисфункција, болка и функционални проблеми и обично се присутни при раѓање и подоцна можат да станат малигни.

Дијагностика:

За да се дијагностицира неврофиброматоза од тип 1, мора да се исполнат неколку критериуми (најмалку два за дијагностицирање):

- 6 или повеќе дамки на кожата кои се со боја на бело кафе;

- 2 неврофиброми од кој било вид или еден плексиформен неврофибром;

- оптичен глиом (бениген тумор) што може да предизвика прогресивно губење на видот;

- промени на ирисот на очите во вид на Лишови јазли;

- позитивна семејна историја;

- различни промени на коските.

Бидејќи се работи за наследна болест, се препорачува генетско советување кога некое лице со НФ-1 планира потомство. Начинот на наследување е автозомно-доминантен. Еден од два случаи предизвикува  НФ-1 мутации. Можно е пренатално и предимплантациско генетско тестирање  на жени со ризични бремености.

Третман: 

Неурофиброматозата не може да се излечи, но правилниот третман ги олеснува  симптомите и спречува понатамошни компликации. Соодветниот третман треба да се започне што е можно порано. Кај децата се препорачуваат годишни конроли за да може лекарот да направи испитувања на кожата на детето и да утврди дали има нови промени. Се проверува и притисокот, растот и развојот како и обемот на главата. Се вршат испитувања дали постојат и абнормалности на коските и се врши целосен преглед на очите.

Кога детето ќе достигне зрелост, може да се прилагоди фреквенцијата на следење на болеста и контролите. Возрасните со благи симптоми нема да имаат потреба од чести контроли. НФ-1 бара мултидисциплинарен пристап со правилен мониторинг и третман (дерматолог, невролог, невролог, епилептолог и други специјалисти по потреба).

 

ВМРО-ДПМНЕ денес обвини дека партијата на власт спроведува партиски вработувања во јавните претпријатија и во Општина Битола, а дека битката во СДСМ за кандадат за градоначалник ја плаќаат граѓаните од џеб. Од СДСМ демантрираа и го повикаа претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ во Битола, да си го ажурира членството кај нив или да си земе исписница.

Во последните 24 часа се направени 2705 тестирања, а регистрирани се 416 нови случаи на ковид-19 во:

Силниот ветер кој ја имаше зафатено Битола во ноќните часови ја собори и металната ограда со која беше заградено игралиштето во дворот на Основното училиште „Стив Наумов“ во Битола. Оградата падна од страна на улицата и за среќа не предизвика штети врз возилата кои се паркираат во близина, но изрони делови од ѕидот на кој беше прикачена.

Директоката на училиштето Дијана Христовска вели дека веднаш ја остраниле оградоата од патот. Според неа се работи за стара ограда, која била поставена во 2004 година кога беше реновиран спортскиот полигон.

„Но, кога јас дојдов за директор веќе беше оштетена, жиците ѝ беа стари, претходно некој отстранувал дел по дел, па ова е само делче од оградата. Ние како училиште имавме барања за да се обнови и проект направивме и аплициравме на неколку места, но немавме реалзација. Се надеваме дека во иднина ќе добиеме средства“, рече Христовска.148830852 364038424587650 6451817325129807782 n

Комплетно е подновен Државниот ученички дом „Мирка Гинова“ во Битола.

Ги запознаваме ретките болести 2021

28 дена во февруари со 28 ретки дијагнози

 

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена и оваа година, трета по ред, ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести.

Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?...

Merosin-deficient congenital muscular dystrophy

Конгенитална Мускулна Дистрофија-Мерозин негативна

MKB G 71.0

Преваленца (распространетост) : 1/100.000

 

Конгенитална (вродена) мускулна дистрофија (CMD1A) претставува генетско хетерогено невромускулно нарушување кое се јавува при самото раѓање или веднаш по негo и ги зафаќа мускулите, па ги ослабува и како резултат на тоа со текот на времето, тие почнуваат да се губат. Мерозин-негативна конгенитална мускулна дистрофија или CMD1A, е една од најчестите видови на конгениталната мускулна дистрофија. Предизвикана од ретка генетска мутација на генот Лама-2, одговорен за протеинот мерозин околу мускулното влакно, претставува тешка форма на дистрофија карактеризирана со тешка мускулна хипотонија-намален мускулен тонус при раѓање или веднаш по раѓањето, прогресивна слабост на мускулите и дегенерација-атрофија, одложени моторни функциии со неможност за стоење и одење, прогресивни контрактури на зглобовите со варијабилна сериозност, нормална интелегенција, иако во некои случаи се појавува и умерена ментална ретардација и епилепсија. 

Застапеност на болеста:

CMD1A  ја зафаќа женската и машката популација подеднакво. Точната застапеност не е позната поради недостаток на дијагностичка генетска потврда во минатото, но повеќе истражувања укажуваат дека едно на 100.000 бебиња е заболено со оваа болест. Во нашата држава, од досегашните сознанија, само едно бебе е родено со оваа болест до сега.

Историја и терминологија:

Конгениталната мускулна дистрофија  за прв пат била опишана во 1903 година од Фредерик Еустас Батен како „инфантилна миопатија“, па со подетални хистолошки набљудувања во доцните 60-ти години на XX век, се заменува со сегашниот термин „вродена“. Но, напредокот бил релативно бавен сè до 1990 година. Со големи достигнувања на биохемиска и молекуларна основа, во 1995 година се идентификувани првите генетски мутации што доведуваат до откривање на целосен недостаток на протеинот мерозин. Врз основа на генетски откривања, Конгенитална  мускулна дистрофија  е поделена на подвидови според генетскиот и протеинскиот недостаток, па така и мерозин-негативната конгенитална мускулна дистрофија (CMD1A) е именувана по генетскиот недостаток на протеинот мерозин. 

Причина за појава на болеста:

CMD1A се наследува на автосомно-рецесивен начин, а тоа значи дека мора да има две патогени мутации кои предизвикуваат појава на симптоми. Кај оваа ретка болест има две мутации во генот LAMA2 (laminin alpha 2, лоциран на 6 q 22-23 и има 64 егзони) кој го произведува протеинот мерозин, еден од протеините на ламининот кој е составен дел од скелетните мускули и периферните нерви и претставува дел од мускулната клеточна мембрана и кој влијае врз стабилноста на мускулната клетка и мускулните влакна и помага во врзување на другите протеини во мускулната клеточна мембрана.Овие мутации се наследуваат од двајцата родители или може да бидат спонтано настанати. За едно дете да биде засегнато со CMD1A,  и двајцата родители мораат да бидат носители на истата мутација на генот LAMA-2 со што и двајцата ќе ја пренесат мутацијата на генот на своето дете. Детето наследува два изменети LAMA-2 гена, еден од мајката и еден од таткото. Секој од родителите на поединецот со CMD1A,  има по една копија на променетиот ген LAMA-2  и е познат како носител, но кај носителот не се пројавуваат знаци и симптоми од болеста. Родителите-носители имаат 25-процентна шанса да добијат дете заболено од CMD1A,  2 од 4 шанси да добијат дете само како носител на мутираниот ген т.е. 50 %  и 1 од 4 шанси т.е. 25 % да добијат дете кое нема да го носи мутираниот ген.

Клиничка слика:

Бебињата со CMD1A наречени „floppy baby“, се препознатливи уште по самото раѓање по нивната позиција на лежење. Тие не можат да се мрдаат како другите бебиња поради тешката хипотонија-слабиот мускулен тонус, плачот им е многу слаб, немаат стисок на рацете, не можат да ја држат главата, имаат високо покачена серумска-креатин кинеза (CK), респираторна инсуфициенција и потреба од респираторна поддршка. Пациентите со оваа ретка болест имаат прогресивно-слаба мускулатура, мускули кои со текот на времето ќе бидат послаби и ќе почнат да се губат, одложени моторни функции, неможност за седнување/станување и одење со што стануваат зависни од инвалидски колички, имаат вродени или стекнати контрактури кои ќе прогресираат поради задебелување и скратување на ткивото и ќе предизвикаат поголеми деформитети и ограничувања во движењата поради што станува нужно користењето на ортопетски помагала и лонгети, вертикализатор, секојдневно вежбање со физиотерапевт и хидротерапија. Ослабувањето на мускулите ќе доведе до сериозно влошување на цврстината на ‘рбетниот столб и појава на прогресивна сколиоза за којашто ќе биде неопходна операција. Телесната тежина кај овие пациенти е доста мала. Со текот на времето ослабуваат и респираторните мускули, па како резултат ќе се појават пулмолошки инфекции, намален кислород и потешкотии во ноќното дишење за што ќе биде потребно приклучување на респираторни машини и вентилатор. Прогресивни проблеми се јавуваат и при хранењето за што е потребно вметнување на цевка за гастростомија. И покрај присутната промена на белата маса во мозокот, кај овие пациенти менталната интелегенција e нормална, но има и мал број на пациенти каде се забележани потешкотии при учење и епилептични напади.

Диjагностика:

Дијагнозата на CMD1A бара истовремена експертиза во повеќе специјалности (неврологија, морфологија, генетика, неврорадиологија), достапна во неколку центри ширум светот кои имаат доволно искуство со различните подвидови на КМД. По утврдување на хипотонија, докторите најпрвo прават специјални тестови за нервна спроводливост и електромиографија (ЕМГ) кои се користат за стимулирање и процена на мускулите или нервите индивидуално за да се согледа проблемот за хипотонијата. Во почетната фаза на дијагностичкиот процес, лекарите често препорачуваат посебен тест на крвта- Серумска Креатин Кинеза(CK) кој се однесува на ензим што протекува надвор од оштетениот мускул. Покаченoто ниво на CK значи дека мускулите се уништуваат со некој абнормален процес, како што е мускулна дистрофија или воспаление. По ова следува мускулна биопсија при која од земено парче мускул се прават комплексни генетски испитувања со што ќе се утврди точната дистрофија и кодот на мутацијата на LAMA-2 генот. Со добиениот код, семејството ќе има можност да направи понатамошни пренатални испитувања за следните бремености и да утврди дали плодот ја има истата мутација на генот и ризикот за заболување од CMD1A.

Третман:

Сè уште нема пронајден лек или третман за оваа ретка болест. Во 2008 год. Omigapil од Santhera доби одобрување како лек за CMD1A и ја помина првата фаза со што продолжи испитувањето. Сè уште се работи на третманот Laminin-111 кој до сега покажа успорување на прогресивната мускулна слабост на моделот-глушец. Од обезбедувањето на сите неопходни машини, помагала и квалитетна физио-хидро терапија, ќе зависи  квалитетот и должината на животот на овие пациенти за кои важи дека имаат скратен животен век.

 

Силниот ветер што дуваше ноќеска, урна дрво точно пред влезот на Медицинско училиште, но не предизвика друга штета. Паднатото дрво утрово било отстрането од ЈП Комуналец.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани