
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Далматинска песна и специјалитети за Денот на државноста на Хрватска во Битола
Со неколку активности во Малата сала на Центарот за култура во Битола беше одбележан Денот на државноста на Република Хрватска во Битола, коi ги организираше хрватскиот културен центар и мaкедонско -хрватското друштво “Марко Марулиќ“. Оваа манифестација е резултат на континуитетот на соработката помеѓу Хрватскиот културен центар и далматинската женска клапа Тамарин од Солин како и здружението Солињани. Клапата на почеток ги изведе македонската и хрватската химна, а потоа репертоар составен од композиции во клапски формат и изворни клапски напеви се со цел запознавање на публиката со клапската песна, хрватскиот јазик, далматинскиот дијалект.
На ова одбележување присуствуваше и амбасадорката на Република Хрватска Нивес Тигањ, градоначалниците на општините Битола и Новаци, претставик на општина Солин од Хрватска, членови на хрватскиот културен центар “Бранко Марулиќ“ и други гости, во намален број поради почитување на ковид мерките.
Во име на домаќинот, хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ“, на гостите им се обрати претседателот на центарот Бранко Маретиќ.
- Ми претставува особено задоволство што можам да ве поздравам во име на хрватскиот центар Марко Марулиќ Битола. Го одбележуваме еден од најважните датуми во хрватската историја. Ден кога хрватското собрание ја изгласа декларацијата за проглаување на самостојна и суверена република Хрватска. овој историски датум е прилика да се потсетиме на значењето на хрватското заедништо и моментите кои сите заедно ги поминавме и нашата Хрватска ја врати својата самостојност и демократија, воспоставувајќи ги институциите кои го зачуваа нашиот народ-, рече Маретиќ.
АмбасадоркатаНивес Тигањ во своето излагање прво им го честиташе Денот на државноста на сите Хрвати во Македонија, а потоа се заблагодари на гостопримството во Битола .
-Мило ми е што сум во Битола еве по втор пат после година и половина. Нашиот домаќин Маретиќ, освен што одлично ги организира овие настани, тој организира намерно и со далматински дух, што дополнително ме мотивираше да дојдам во Битола. На сите Хрвати им го честитам денот на државноста . Овие денови се во знакот на роденденот на нашата држава и како што истакна г -дин Маретиќ, прилика да се потсетиме на се она што се случуваше и денес да го одбележиме.
Се обратија и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска и директорката на Центарот за култура во Битола, Маја Андодовска Илијевски, кои го честитаа празникот по повод Државноста на Хрватска.
- Денешното чествување на роденденот на нашата пријателска Хрватска после изминиатиот период од година и половина е радост повеќе.
Верувам и сакам да верувам дека догодина ќе бидеме побројни во оние изданија кои сме ги имале изминатите години.Да живееме со таа верба и љубов помеѓу нашите братски народи и да чествуваме многу посвечено онака како што ние на Балканот умееме-истакна Петровска.
-Ми претставува огромно задоволство и чест што сум дел од една многу убава македонско хрватска приказна. Приказна која започнала одамна во која сум била дел и лично како актер, како публика а денес како директор на Cентарот за култура.
Посебно е задоволството на соработката на Хрватскиот културен центар и Центарот за култура-истакна директорката Илијевски.
Беа прикажани и три кратки филмови од Туристичката заедница на Солин кои и прикажаа на публиката дел од убавините на овој хрватски град, животот во Далмација и обичаите.
Во дел од програмата беше и настапот на новинарката на дневниот весник Слободна Далмација(и членка на здружението Солињани), Миа Сесартиќ, автор на неколку книги за животот во Солин, која на далматински дијалект претстави дел од своите книги, дел од оној далматински начин на живот, облечена во далматинска носија, а прочита и интересни стории за животот во овој град помеѓу двете светски војни.
Членовите на здружението Солињани, облечени во карактеристична далматинска носија, подготвија вкусни далматиснки специјалитети од традиционалната далматинска кујна.
Бранко Маретиќ и претставник на градот Солин доделија и благодарници и статуетки од Солин на хрватската амбасадорка Тигањ, градоначалничката Петровска и директорката Маја Андоновска – Илијевски.
Манифестацијата се одржува во соработка со Центарот за култура Битола, поддржана од Централниот државен уред за Хрватите кои живеат надвор од Р. Хрватска, Амбасадата на Р. Хрватска во Македонија, Министерството за култура на Р. Македонија, Општина Битола, Општина Солин.
На Домот за стари лица во Битола „СЈУ Рајдер“ беше донирана облека, која поради ограничувања на ковид-19 се изврши само до влезната врата од објектот за да не се загрозат животите на постарите граѓани. Втората донација која се состоеше од облека и помош за дом, која беше наменета за семејството Митрески од село Мусинци, кое неодамна го загуби својот дом во трагичен пожар. Исто така во тек е акција организирана преку фејсбук каде веќе има собрани над 4.000 УСД за помош на семејството и се охрабруваат и другите да се вклучат во оваа акција.
Членот на УО на ОМД и директоркта Мери Аутоу од Канада посочи: „Овој проект започна како едноставна идеја – да се испрати облека на оние на кои им е потребна во Македонија, но потоа стана многу повеќе. Поврзувањето со сограѓаните Македонци чија желба е да придонесат за другите, особено во периодот на пандемија, беше инспиративна. Би сакала да им се заблагодарам на многуте Македонци во Торонто кои донираа облека / финансиска поддршка, а особено на Крис и Тина Андоноф за помошта и поддршката. Им благодариме на ПримеПоинт Партнери и ДПД Архангел Битола, за неверојатната работа преземена на другиот крај од овој проект. Се надевам дека оваа иницијатива ги поврза Македонците во дијаспората со Македонците во татковината, на многу подлабоко и значајно ниво“.
Доброволното противпожарно друштво Архангел во Битола изминатата недела покрај оваа акција имаше колективно дарување на крв во просторите на трансфузија во Битола и уште еднаш ја покажа својата хуманост на дело. Маја Сталеска од ПримеПоинт Партнери ни посочи дека: “Оваа акција е само мала искра на големата желба на нашата дијаспора да им помогне на луѓето во Македонија, и ние бевме многу среќни што бевме дел од неа. Им благодариме и на Царинската Управа за поддршката во процесот на документација за донацијата“.
За првпат откако е отворен во педесеттите години од минатиот век , темелно се реконструира внатрешноста во Здравствениот дом во Битола, по целосна обнована Службата за Итна медицинска помош пред неколку години, сега се реновирани и Детската превентивна и Стоматолошка служба, потоа просториите каде се чуваат вакцини, како и ходниците на објектот. Министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска го посети Здравствениот дом, изрази задоволство за овие крупни зафати што се спроведуваат последните години и најави други инвестиции во Битолското здравство.
Жителите на улицата Прилепска вода треба да добијата за околу три часа, откако ќе биде саниран големиот дефект на потегот од кружниот тек до градинката Пролет. Екипите на ЈП Водовод и натаму се на терен и непрекинатот работата на отстранување на овој дефект на цевка на главната водоводна мрежа. Од ЈП Водовод со цистерна обезбедуваат вода за пиење, додека не се санира проблемот.
-Сакам да се извинам на граѓаните од овој дел на градот кои се без вода, токму на овој ден, на празникот Духовден. Овие дефекти се многу ретки, се специфични и тешко се отркиваат.во овој дел на градот, цевките се поставени на поголема длабочина, односно на околу 3 метри под земја. кога почна да истекува водата во моментот кога се случи дефеткторт, околу 50 литри во секунда, што е огромна количина на вода, ние тоа го видовме преку СКАДА системот, резервоарите се празнеа енормно брзо, почнавме да трагаме по дефектот. Но, специфичноста е во тоа што водата не излегуваше на површина, туку се слеваше во канализациониот системот. Работниците почнаа да трагаат од четвортокот во 7 часот утрото, а дефектото се случи во 4 часот утрото. Направивме околу 30 прекопи на повеќе локации. Две екипи работеа без прекин до саботата во 4 часот сабајле, а од утрово во 7 часот се други две екипи. Се откри локацијата на дефектото и сега се работи на негова санација,. Ќе биде саниран за 3 часа и граѓаните ќе добијат вода", изјави директорот на ЈП Водовод, Горан Козаров.
Тој реагираше за неосанованите обвинувања, со што вели се навредуваат вработените кои без прекин останаа на терен.
-Ги демантирам шпекулациите што се среќаваат во јавноста дека ЈП Водовод не работи како што треба, затоа што професионланоста е на највисоко ниво. Ја донесеовме и нашта цистерна за вода, граѓаните во овој цел период се снабдени со вода за пиење. би сакал да кажам дека со обвинувањата се навредуваат вработените и нивната професионаност, а тоа не е во ред, додаде Козаров.










Екипите на ЈКП "Водовод" Битола веќе 18 часа работат на изнаоѓање на дефектот на главната водоводна мрежа F150, на потегот од кружниот тек на влезот кон градот до детската градинка Пролет.
