2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Водостопанското претпријатие „Битолско поле“ од денес има нов директор. На чело на претпријатието е назначен Стојан Георгиевски. Пред оваа фирма престојат многу предизвици во одржувањето на каналската мрежа и речните корита во Пелагонискиот регион. Во изминатите години битолско Водостопанство се соочи со многу проблеми и трансформации. 

Пред 35 години, Битола, Новата година ја дочекала приклешетна во снег и мраз, а сега со кокичиња по дворовите како да е пролет.  Зимата во 1983 година во Битола снег наврвнал дури 84 сантиметри, а за време на оваа зима во градот одвај проснежи. Денес дневните температури се искачија до осум сетепени над нулата.   

За Нова година можеби повеќе од кога и да е ми недостига градска Битола. Снимките од новогодишните забави низ кафеаните од кои барем делче видовме на тв екраните, беа доволни да ни покажат во каква Битола живееме. Народот вели дека за вкусовите не се разговара. Но, бидејќи сум од Битола, за која милуваме да кажеме дека е конзулска, ќе си земам за слобода да ја прокоментирам цикрузијатата што ја видов.   

Долгогодишното планинарење заврши со брак. Битолчанката Елена Василевска го кажа судбоносното „да“ на  врвот на Пелистер на својот избраник Менде Давитковски. На надморска височина од 2600 метри двајцата млади токму на први јануари 2018 година  застанаа на лудиот камен, обколени со неверојатните  пејсажи на Пелистер од каде се гледа и Преспанското езеро. Моментот на запросувањето е објавен на  видео на фејсбук профилот на  „Големо Езеро “.

Планинскиот убавец Пелистер низ фотографии направени на 1 јануари 2018 година.

 

Од Клиничката болница информираат дека на Ургентното одделение во текот на ноќта имало напорна ноќ, со 60 прегледи на пациенти. 10 од нив биле во алкохолизирана состојба. 

Машки близнаци се првите новороденчиња во Новата година во Битола. Во битолската болница во текот на новогодишната ноќ  се родија  вкупно 9 бебиња, 5 машки и 4 девојчиња.

Со новогодишна програма со ди-џеј, настапот на пејачот Борче Наумовски и новогодишниот џубокс со Бојан Стојков, актерите Илина Чоревска, Викторија Степановска Јанкуловска, Маја Андоновска Илијевски и бендот Боеми весело мина дочекот на Новата 2018 година на плоштадот Магнолија во Битола. .

Евергринот добива посебна моќ и значење кога ќе прозвучи низ гласовите на малите и млади музички таленти. Ова несекојдневно уживање на битолчани им го приреди Детскиот хор „Ѕвончиња“ , „Тин Ѕвончиња“, камерниот хор „Мелодиум“ придружени од „Наш бенд“ под водство на уметничкиот раководител Марина Коруновска. Концертот „Низ душата на македонската песна“ што предновогодишно се одржа вчера вечер во Народниот театар во Битола покажа дека градот не само што има музички талентиран подмладок, туку ја негува и градската традиција.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани